МАСКИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЕРАТ ПО СЕКОЕ НОСЕЊЕ, СО САПУН И НАД 60 СТЕПЕНИ – ВОДИЧ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА ВО КОРОНАКРИЗА

    МАСКИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЕРАТ ПО СЕКОЕ НОСЕЊЕ, СО САПУН И НАД 60 СТЕПЕНИ – ВОДИЧ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА ВО КОРОНАКРИЗАЗдравствените власти препорачуваат дека секојпат кога влегуваме во затворен простор треба да се носи нова маска, но истражувањата покажуваат дека луѓето ги носат многупати пред да ги исперат маските. (Фото: Гети)

    Заштитните маски се задолжителен детал насекаде во светот од почетокот на коронакризата, како превентивна мерка од ширење на коронавирусот. Иако здравствените власти препорачуваат дека секој пат кога влегуваме во затворен простор треба да се носи нова маска, истражувањата покажуваат дека луѓето ги носат многупати пред да ги исперат маските, а пак 15 отсто од Британците вооошто и не ги перат. „Гардијан“ објави листа на совети за одржување на маските

    •  И покрај тоа што треба да го штитат лицето, на маските остануваат разни бактерии, вируси и габи
    •  Може да предизвикаат маскни – кованица која значи дека долгото носење на маска може да предизвика акни. „Бидејќи на маските се лепат бактерии и вируси, препорачувам маската да се пере секој ден“, вели д-р Тиви Марутапу, дерматолог
    • Ако сте заразен со ковид-19, тогаш вашата маска има висок степен на зараза со овој вирус, но и со други вируси. Никогаш не ја подавајте вашата маска на друг или пак пред да допрете друга измијте ги рацете.
    • Професорката Раина Маклунтир од Универзитетот во Сиднеј вели дека платнените маски за повеќекратна употреба треба да се перат после секое носење.
    • Маските треба да се перат во машина на најмалку 60 степени, може и со секојдневните алишта, со топла вода и сапун. Не е соодветно да се пере на рака со ладна или млака вода.
    •  Маската мора да е целосно сува пред да се постави на лицето
    • Ако ја носите маската само десетина минути, може повторно да ја користите во следна прилика, но претходно, измијте ги рацете со сапун или со дезифенкционен гел, извадете ја и внимателно спакувате ја во посебна кутија или кеса. Колку почесто ја ставате без да ги измиете рацете или да ја замените, толку е поголем ризикот од зараза.
    • Здравствените експерти препорачуваат дека секогаш треба да го третирате лицето како да ви е заразено и маската да ја чувате во посебна кутија или кеса, и покрај тоа што е мал ризикот дека ќе ја пренесе заразата на паричникот или на клучевите во чантата.
    • Луѓето често се прашуваат дали може да ја испрскаат маската со алкохол или средства за дезинфекција наместо да ја мијат, но одговорот е дека колку и да звучи разумно, тогаш ризикувате да вдишете хемикалии од спреј за дезинфекција.
    • Колку што треба често да се мијат маските, исто толку треба да им се менуваат и филтрите, затоа што и филтерот се заразува како и самата маска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира