Италијанскиот премиер Џузепе Конте денес потпиша нов пакет антикорона мерки, меѓу кои е и ограничувањето на работното време на кафулињата и рестораните до 18 часот. Одлуката на Конте исто така значи дека се затвораат кина, театри, фитнес-сали, базени, ски-центри, концертни сали, објекти за саеми и конференциски сали. Музеите остануваат отворени, но со ограничен број посетители.
Речиси 75 отсто од учениците во средните училишта се префрлаат на онлајн настава, а Конте „строго препорачува жителите да не примаат дома гости и да ги избегнат сите непотребни патувања во странство“.
Новите мерки стапуваат на сила в понеделник, сѐ до 24 ноември. Вчера Италија регистрираше рекордни 19.644 новозаболени од ковид-19, а дневната бројка на починати стигна до 151.