УШТЕ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД ЛИПКОВО И КУМАНОВО, 8 ЖРТВИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, 88 ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19

    УШТЕ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД ЛИПКОВО И КУМАНОВО, 8 ЖРТВИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, 88 ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19Капацитетите на Инфективното одделение во Кумановската болница се целосно исполнети и поради големиот наплив на заболени од кронавирус во тек се активности за отворање на ново одделение за хоспитализација на пациенти во зградата каде што се сместени Одделенијата за неврологија и психијатрија. Фото: СДК.МК)

    Тројца пациенти починаа од компликации на коронавирус во изминатото деноноќие на Инфективното одделение во Кумановската болница. Станува збор за две жени на вораст од 71 и 65 години од Липковско, и маж на 53 години од Куманово.

    Според Центарот за јавно здравје во Куманово за една недела починале 8 пациенти, а досега вкупно 88 пациенти.

    „Денеска има нови 28 случаи позитивни на ковид-19, и тоа тројца се од Липковско и 25 од Куманово, велат од Центарот.

    Од почетокот на кризата Куманово е коронажариште и регистрирани се вкупно 2.187 заболени, од нив 365 се активни.

    Капацитетите на Инфективното одделение во Кумановската болница се целосно исполнети и поради големиот наплив на заболени од кронавирус во тек се активности за отворање на ново одделение за хоспитализација на пациенти во зградата каде што се сместени Одделенијата за неврологија и психијатрија.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира