Нов Зеланд изгласа легализација на евтаназијата, што беше опишано како победа на сочувството и љубезноста. На референдумот што се одржа паралелно со неодамнешните парламентарни избори, 65,2% гласачи се изјасниле за озаконување на правото животот да се заврши по избор.
Ова ќе им овозможи на тешко болните луѓе, на кои им преостануваат уште шест месеци живот, да изберат потпомогнато умирање, ако тоа биде одобрено од двајца лекари.
Во исто време, Новозеланѓаните ја одбија легализацијата на марихуаната со 53,1% гласови, што би можело да се промени откако ќе се избројат и 480.000 специјални гласови.
Резултатите од референдумот се обврзувачки и новиот закон за евтаназија ќе стапи на сила во ноември следната година. Нов Зеланд со тоа влегува во мала група земји во кои таа е дозволена, како Холандија и Канада.