КАФУЛЕТО „ИНТЕРМЕЦО“ ВО СКОПЈЕ ДОБИ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ОД 30 ДЕНА ОТИ ПОСТОЈАНО ПУШТА ГЛАСНА МУЗИКА

    КАФУЛЕТО „ИНТЕРМЕЦО“ ВО СКОПЈЕ ДОБИ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ОД 30 ДЕНА ОТИ ПОСТОЈАНО ПУШТА ГЛАСНА МУЗИКАНа правното лице пред неколку месеци му беше изречена глоба во износ од 6.000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, сега на кафе барот ‘Интермецо‘ му се изрекува забрана за вршење дејност.(Фото: Општина Центар)

    Општина Центар го затвори кафулето „Интермецо“ во скопската населба Капиштец 30 дена поради гласна музика. По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект „Интермецо“ ги надминал пропишаните гранични вредности на бучава.

    „На правното лице пред неколку месеци му беше изречена глоба во износ од 6.000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, сега на кафе барот ‘Интермецо‘ му се изрекува забрана за вршење дејност. Апелираме до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибелажа“, велат од Општина Центар.

    Од таму додаваат дека ќе продолжат со редовни и засилени контроли и ќе се преземат поригорозни мерки за санкционирање на сите правни лица – угостителски објекти кои нема да ги почитуваат законските прописи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира