СО ЈАПОНСКА ПОМОШ РЕНОВИРАНА ГРАДИНКАТА „ЦВЕТОВИ“ ВО ШТИП, ДОСЕГА ГОДИНАВА ДОНИРАА ЗА 70 УЧИЛИШТА И ГРАДИНКИ

    СО ЈАПОНСКА ПОМОШ РЕНОВИРАНА ГРАДИНКАТА „ЦВЕТОВИ“ ВО ШТИП, ДОСЕГА ГОДИНАВА ДОНИРАА ЗА 70 УЧИЛИШТА И ГРАДИНКИПретставникот на Владата на Јапонија во Македонија со штипските домаќини од Локалната самоуправа во увид на завршната реализција на реновирањето на градинката „Цветови“. (Фото: СДК.МК)

    Со донација од јапонската влада целосно е реновирана градинката „Цветови“ во населбата 8 Ноември во Штип. На завршното реновирање на градинката присуствуваше и заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Република Јапонија, Такахаши Сатору, кој кажа дека нивната донација од 55.000 евра е со цел да се реновира градинката со комплет нови прозорци и врати, како и обнова на системот за парно греење, а децата и вработените да имаат подобри услови за престој и образование.

    „Јапонскиот проект резултираше со ангажман на Општината и на ДУ ‘Астибо’ во чиј состав работи градинката ‘Цветови’ да извршиме целосна обнова и на шкафовите, теписите, завесите и душеците која чинеше 25.000 евра“, вели директорката Билјана Трајчевска.

    Според нејзината најава, до крајот на оваа и наредната година се планира да бидат заменети заштитните огради на градинката и хортикултурно да се доуреди дворот од сите страни на објектот.

    Претставникот на Амбасадата на Јапонија Сатору рече дека во текот на оваа година вакви донации во Македонија имало во 70 училишта и градинки и во 47 здравствени установи во државата со амбулантски возила, како и во педесетина општини со разни комунални возила и дека заедничките проекти ќе продолжат и во иднина.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира