ВИЕНСКАТА ДРЖАВНА ОПЕРА ГО СВИРЕЛА ХАЈДН ДОДЕКА ТРАЕЛА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ПУБЛИКАТА ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД

    ВИЕНСКАТА ДРЖАВНА ОПЕРА ГО СВИРЕЛА ХАЈДН ДОДЕКА ТРАЕЛА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ПУБЛИКАТА ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАДДодека траеше евакуацијата на 1.000 души во публиката, за оние кои сѐ уште беа во салата оркестарот го изведуваше славниот „Кајзерквартет“ за гудачки квартет од Хајдн од 1799 (Фото: Принтскрин од видео на очевидец/Куриер)

    Оркестарот на Државната опера во Виена синоќа ја свиреше „Империјалната химна“, дело од Јозеф Хајдн,  за време на терористичкиот напад низ градот во кој загинаа четири лица, а 22 се повредени. Откако концерот заврши според предвидената програма, околу 1.000 посетители беа замолени да останат внатре, а првите гости од публиката почнаа да се евакуираат околу 23: 45 часот. Додека траеше евакуацијата, за оние кои сѐ уште беа во салата оркестарот го изведуваше славниот „Кајзерквартет“ за гудачки квартет од Хајдн од 1799.

    Во вториот став од ова дело е познатата медолија „Господ да го чува Франц, Кајзер“, која децении подоцна му послужи како подлога на Хофман за „Песна на Германците“, која денес е национална химна на Германија.

    Министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Нехамер потврди дека напаѓачот кој беше убиен од полицијата при синоќешниот терористички напад во Виена имал потекло од Северна Македонија, тој е роден во Виена, но неговите родители потекнуваат од земјава, а сите имаат двојно државјанство. Тој не го објави неговиот идентитет, но кажа дека имал 20 години и поголемо криминално досие. Нехамер претходно го опиша убиениот напаѓач како исламистички терорист и симпатизер на Исламска држава. Засега се уапсени 14 лица.

    „Убиениот напаѓач несомнено беше поддржувач на радикалната исламистичка терористичка милиција Исламска држава. Тој бил осуден на 22 месеци затвор на 25 април 2019 поради обидот да замине за Сирија за да се бори на страната на Исламска држава. Бил пуштен на условна слобода на 5 декември бидејќи се сметал за млад престапник. Тој носеше автоматска пушка, пиштол, мачета и лажен елек со експлозив. Освен австриско, поседувал и македонско државјанство“, кажа Нехамер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира