За 4.8 отсто е зголемен бројот на починати од ковид-19, во периодот од 26 октомви до 1 ноември во споредба со претходната недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ ). Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град. Од нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%.
Од 26 октомври до 1 ноември, како што соопшти Министерството за здравство, тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, што претставува зголемување од 23,6 отсто во однос на претходната недела.
Регистрирани се 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1% споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (2.690; 46,4%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.
Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (1283, 22,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (1169; 20.2%), 40-49 (1089; 18,8%), 50-59 (1056; 18,2%) и 20-29 (866; 14.9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (94; 1,6%) и 10-19 години (243; 4,2%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2%) лица од женски и 3.007 (51,8%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14,5%.
По добиени 2 негативни теста ко оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.