ТРАМП ПОБАРА ОД ВРХОВНИОТ СУД ДА ГО ПРЕКИНЕ БРОЕЊЕТО ГЛАСОВИ И ОБВИНИ ЗА ИЗМАМА

    ТРАМП ПОБАРА ОД ВРХОВНИОТ СУД ДА ГО ПРЕКИНЕ БРОЕЊЕТО ГЛАСОВИ И ОБВИНИ ЗА ИЗМАМАТрамп кажа дека веќе победил на изборите, иако гласовите уште се бројат (Фото: АП)

    Доналд Трамп обвини за измама на претседателските избори и прогласи победа додека броењето гласови сѐ уште трае во неколку клучни сојузни држави.

    „Ова е измама на американската јавност. Ова е срам за нашата земја“, изјави Трамп од Белата куќа и додаде:

    „Подготвени сме да ги освоиме овие избори. Да бидам искрен, ние победивме на овие избори“.

    Ниту тој, ниту Џо Бајден досега немаат освоено 270 електорски гласови, колку што им е потребно за победа.

    Трамп побара од Врховниот суд да се вмеша во изборниот процес.

    „Ќе одиме на Врховен суд. Сакаме броењето веднаш да прекине“, кажа Трамп.

    Во предизборната кампања, Трамп често истакнуваше дека е недозволиво некои држави да ги бројат гласовите откако изборите ќе завршат, сметајќи дека тоа води кон измама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира