КУМАНОВО ОВАА ГОДИНА ЌЕ НАГРАДИ ЛЕКАРИ СО НАЈВИСОКОТО ПРИЗНАНИЕ „11 НОЕМВРИ“

    КУМАНОВО ОВАА ГОДИНА ЌЕ НАГРАДИ ЛЕКАРИ СО НАЈВИСОКОТО ПРИЗНАНИЕ „11 НОЕМВРИ“И Општа болница Куманово е меѓу добитниците на наградата (Фото: СДК.МК)

    Епидемиологот Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје и Општа болница Куманово се меѓу годинашните добитници на наградата „11 Ноември“, што ја доделува Општина Куманово. Највисокото општинско признание ќе го добијат уште тројца лекари: инфектологот Азис Бајрами, урологот Александар Трифуновски и офталмологот Али Далипи. Во категоријата на правни лица, награда ќе добие и локалната телевизија „Плус“.

    Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија на Советот на Општина Куманово одлучи оваа година предност да им даде на предлозите од областа на здравствената заштита.

    „Дефинитивно, ова беше нивна година. Најмногу придонесоа во борбата против ковид-19 и тие се првиот заштитен столб од оваа болест“, изјави претседателот на комисијата Сашо Милковски.

    Наградите ќе бидат врачени на свечената седница на 11 ноември, на Денот на ослободување на Куманово.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира