СО ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КОНЦЕРТ И НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ОПШТИНА КУМАНОВО ЌЕ КУПИ ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ

    СО ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КОНЦЕРТ И НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ОПШТИНА КУМАНОВО ЌЕ КУПИ ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИТЕГрадоначалникот Димитриевски кажа дека оваа година нема да носат регионални пејачи во Куманово (Фото: СДК.МК)

    Општина Куманово ќе купи таблети и друга електронска опрема за учениците од ранливите семејства со парите кои се предвидени за новогодишно украсување на градот и огномет. За истата намена ќе бидат потрошени и средствата предвидени за организирање концерт на градскиот плоштад по повод Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември. Тој нема да се одржи поради ковидкризата.

    Општината минатите години трошеше околу 10.000 евра за ангажирање регионални пејачи за концертот на плоштадот, а за украсувањето на градот 20.000 евра.

    „Оваа година решивме да ги пренамениме средствата кои се предвидени за организација на концертот и за новогодишното украсување и огномет. Дадов веќе предлог до Советот со ребалансот на буџетот овие средства да се пренаменат за набавка на таблети и друга електронска опрема, што учениците од нашата општина ќе ги користат за онлајн настава“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Тој за годинава најави скромна прослава по повод 76-годишнината од ослободувањето и 501 година од постоењето на градот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира