ПО ДВЕТЕ ПОЗИТИВНИ ВОСПИТУВАЧКИ, ЗАТВОРЕНА ГРАДИНКАТА „ЅВЕЗДИЧКА“ ВО БИТОЛА, СИТЕ ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ПО ДВЕТЕ ПОЗИТИВНИ ВОСПИТУВАЧКИ, ЗАТВОРЕНА ГРАДИНКАТА „ЅВЕЗДИЧКА“ ВО БИТОЛА, СИТЕ ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈАДиректорката на „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска вели дека во градинките доследно се почитуваат протоколите, а лицата се заразуваат надвор, а не во градинките. (Фото: СДК.МК)

    Градинката „Ѕвездичка“ во Битола од вчера е затворена откако две воспитувачки се позитивни на коронавирус, а за негувателката од групата јасли се чекаат резултатите од тестот, потврди директорката на „Мајски цвет“, Снежана Тодоровска. Во изолација се 23 деца, а ако и негувателката излезе позитивна, уште шест деца ќе се изолираат или вкупно 29.

    Во друга градинка „Славејче“ има воспитувачка и негувателка кои имаат покачена телесна температура, за кои се закажани тестови, а децата од нивните групи се вратени дома. Другите воспитни групи во „Славејче“ продолжуваат со работа.

    Овие две градинки се под надлежност на централната „Мајски цвет“. Ова не се први случаи на коронавирус меѓу вработени во битолски градинки. Во градинката „Коца Василева“ во септември во два наврата беа изолирани вкупно 18 деца и шест вработени поради тоа што во првиот случај имаше позитивна негувателка, а во вториот случај воспитувачка.

    Директорката на „Мајски цвет“ Тодоровска вели дека во градинките доследно се почитуваат протоколите, а лицата се заразуваат надвор, а не во градинките.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира