И СО НОВИОТ ЗАКОН МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ЌЕ ОДЛУЧУВА КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИМА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И СО НОВИОТ ЗАКОН МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ЌЕ ОДЛУЧУВА КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИМА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    Ниедна од препораките на Рајнхард Прибе и експертската група не е прифатена во Законот за Народен правобранител на РМ, кој Собранието го усвои вчера доцна попладне, освен таа Омбудсманот да биде пријател на Судот и да може да следи судски постапки од почеток до крај, по лична иницијатива и на барање на странките. Законот нема веднаш да се применува, туку по шест месеци, по изборите и формирањето на новата Влада.

    Омбудсманот и натаму останува без свој буџет и ќе остане финансиски зависен од Министерството за финансии, односно од Владата. Ова беше едно од главните барања на Народниот правобранител Иџет Мемети, кој на јавна комисиска расправа во Собранието пред еден месец им објасни на пратениците зошто е важна самостојноста на Омбудсманот, поради непречено извршување на функцијата.

    Втората важна работа која не пројде во вчера донесениот закон е осамостојувањето на стручните служби кај Народниот правобранител, т.е. нивно одделување од државната администрација. Така што, и натаму за вработување на кое било лице според систематизацијата, Народниот правобранител мора да бара дозвола од Министерствата за информатичко општество и администрација и од Министерството за финансии.

    Министерството за финансии на барањата на Народниот правобранител да вработи кое било лице на бројните упразнети места во институцијата, со години му враќа со ист писмен одговор, дека од 2009 година наваму, има забрана за вработувања во јавната администрација, а во пракса во администрацијата секојдневно има нови и нови вработувања.

    Не пројде ни третата, исто толку битна работа што ја побара Мемети, која требаше да стави крај на игнорирањето на институциите на иницијативите и препораките од Омбудсманот, појава која се случува со години. Требаше да се воведе законско право Народниот правобранител да побара формирање анкетна комисија во Собранието, па да иницира и собраниски седници во случаи кога за крупни проблеми и кршење на човековите права и слободи институциите се глуви на неговите препораки.

    Новина во законот е што отсега за избор на Народниот правобранител Собранието ќе распишува оглас, а за Замениците-Народни правобранители оглас ќе распишува Народниот правобранител, тој и ќе ги предлага, а Собранието ќе ги бира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира