ОД УТРЕ БРЗИ КОВИД ТЕСТОВИ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

    ОД УТРЕ БРЗИ КОВИД ТЕСТОВИ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВОИзминатива недела на шесте пункта во Скопје биле направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни; - Од пунктот за тестирање во Ѓорче Петров. (Фото: К. Попов)

    Од утре во пет здравствени институции во земјава ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и Општата болница во Кичево.

    Според Министерството за здравство, лаборанти од овие установи мината недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.

    Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот ковид 19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација (СЗО), а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тестира со ПЦР тест или антигенски – брз тест.

    Изминатава недела во Здравствен дом Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, направени се 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира