Велика Британија именуваше министер за вакцини, додека земјата се подготвува за вакцинирање на милиони луѓе против ковид-19, што би можело да почне во наредните денови.
Премиерот Борис Џонсон изјави дека досегашниот министер за бизнис и индустрија Надим Захави ќе ја надгледува најголемата програма за вакцинирање во земјата во последните неколку децении.
Британските регулатори моментално разгледуваат две вакцини, една развиена од „Фајзер“ и „БиоНТек“ и другата од Оксфорд и „АстраЗенека“, со цел да се утврди дали се безбедни и ефективни. Весникот „Гардијан“ објави дека болниците биле известени дека најрано на 7 декември ќе ги добијат првите дози од вакцината на „Фајзер“, ако биде одобрена.
Први кои ќе бидат вакцинирани се здравствените лица и жителите на старечките домови, па ќе следуваат сите лица над 80 години.