ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ РАБОТАТ НА ПАКУВАЊЕ ЗАРЗАВАТ ВО НОВ ЦЕНТАР ЗА РАБОТНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО СТРУМИЦА

    ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ РАБОТАТ НА ПАКУВАЊЕ ЗАРЗАВАТ ВО НОВ ЦЕНТАР ЗА РАБОТНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО СТРУМИЦАВо Центарот ќе пакуваат свежо овошје и зеленчук за потребите на македонскиот пазар, но ќе вршат и сушење на земјоделски производи за што имаат и посебни машини. (Фото: СДК.МК)

    Лица со попречености, но и зависници, директно се вклучија со работа во првиот Центар за работно ориентирана рехабилитација на граѓанското здружение „Избор“ од Струмица. Станува збор за социјално препријатие кое има за цел да ги вклучи лицата со попречености. Тие во Центарот ќе пакуваат свежо овошје и зеленчук за потребите на македонскиот пазар, но ќе вршат и сушење на земјоделски производи за што имаат и посебни машини. На тој начин, како што кажа Сократ Манчев од здружението „Избор“, тие ќе стекнуваат работни вештини и ќе заработуваат.

    „Тие лица што имат одредена попреченост или имат друг проблем одлично функционираат и одлично се се снаоѓаат во работниот процес. И не гледам никаква разлика. Тука еднаквоста станува стандард“, кажа Манчев.

    Центарот се отвори благодарение на поддршката од швајцарската амбасада, која додели средства за набавка на потребните машини и опрема. Во моментов, таму работат 8 лица со попречености и зависници од психоактивни супстанци. Се планира да бидат ангажирани околу 300 лица кои имат попречености и да стекнат работни вештини.

    „За нас, како Швајцарија и амбасада, ова социјално препријатие е вистински пример кое ќе понуди инклузивност на лицата со попречености во општеството“,  кажа амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер Техада.

    Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахапнска кажа дека овој пример треба да се следи и во другите локални заедници со цел да се интегрираат лицата со попречености и самостојно да заработуваат.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира