ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ЛУТИ ОТИ ОТКУПНАТА ЦЕНА НА ТУТУНОТ Е НИСКА, НЕ СЕ ОТВОРЕНИ НИТУ СИТЕ ПУНКТОВИ ВО ВЕЛЕШКО

    ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ЛУТИ ОТИ ОТКУПНАТА ЦЕНА НА ТУТУНОТ Е НИСКА, НЕ СЕ ОТВОРЕНИ НИТУ СИТЕ ПУНКТОВИ ВО ВЕЛЕШКООткупната цена се движи од 100 до 150 денари, во зависност од класата, а лани беше и до 250 денари за килограм. (Фото: СДК.МК)

    Тутунопроизводители од Велешко не се задоволни од почетокот на откупот на тутунот. Нивните реакции се на ниската откупна цена и на тоа што не се отворени сите пунктови во Велешко. Тие како израз на револтот најавуваат протести.

    „Откупната цена се движи од 100 до 150 денари, во зависност од класата. Иако требаше да се отворат пунктовите за откуп на 16 ноември, кај нас во Бузалково два работат, два не. За илустрација, лани тутунот се откупуваше и до 250 денари за килограм. Јавноста нека процени сама дали и колку годинашнава цена е во ред. Размислуваме да организираме и протести“, вели тутунопроизводител од велешко Бузалково, кое заедно со Иванковци е најголемиот одгледувач на тутун во општината.

    Тутунските компании најавувале дека имаат залихи и дека годинашната реколта е со послаб квалитет поради сушата, па и дека ќе има помал откуп. Но, на вака ниски откупни цени и толку доцнење со откупот никој не се надевал. Дека состојбата со откупот на тутун на почетокот не е во ред, потврдува и заменикот-министер за земјоделие. Тој најави средба со тутунопроизводителите и со откупувачите за надминување на проблемите со годинашниот откуп.

    „Катастрофално, годинава откупот и сите пунктови не се отворени. Откупната цена се движи некаде 140, некаде 160, до 170 денари. Неочекувано е зошто се тргна со ваква ниска цена и ова е необјасниво. Тутунот е стратешки производ за земјава“, изјави Трајан Димковски, заменик-министер за земјоделие.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира