УАПСЕН ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ КОЈ ПРОВАЛИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА И УКРАДЕ МАРИХУАНА

    УАПСЕН ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ КОЈ ПРОВАЛИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА И УКРАДЕ МАРИХУАНАОд МВР велат дека при претресот во домот на пријавениот во Гевгелија, при што биле пронајдени одземените предмети, тој се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници. (архивска фотографија)

    34-годишниот Г.Ј. од Гевгелија вчера бил уапсен за кражба од 29 ноември, кога со употреба на сила влегол во полициската станица во Гевгелија и украл марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    „Пријавениот, на 29.11.2020 во периодот од 03.30 до 04.00 часот, со употреба на сила влегол во просториите на Отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија и одзел 24 суви растенија Канабис сатива и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија Канабис сатива“, се вели во соопштението.

    Против него е поднесена кривична пријава за кривичните дела Тешка кражба, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и Загрозување на сигурноста.

    Од МВР додаваат дека при претресот во домот на пријавениот во Гевгелија, при што биле пронајдени одземените предмети, тој се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници. Бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гевгелија, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира