КИНА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ЗА НАД 20% ВО НОЕМВРИ И ОСТВАРИ РЕКОРДЕН ТРГОВСКИ СУФИЦИТ

    КИНА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ЗА НАД 20% ВО НОЕМВРИ И ОСТВАРИ РЕКОРДЕН ТРГОВСКИ СУФИЦИТКина е голем извозник на заштитни маски, медицинска опрема и електронски уреди (Фото: Ројтерс)

    Извозот на Кина во ноември пораснал за 21,1% во споредба со минатата година, а увозот за 4,5%, додека азиската економија во најголем дел заздраве од кризата со коронавирусот. Севкупно, кинеската надворешна трговија пораснала за 13,6% минатиот месец, а трговскиот суфицит за 102,9%, односно на 75,4 милијарди долари, најмногу откако почнаа да се водат овие податоци во 1981 година.

    За разлика од остатокот на светот, Кина успева да ја скроти епидемијата на коронавирусот, кој прво таму беше регистриран пред точно една година. По повторното отворање во март, кинеските бизниси добија поддршка од државата во вид на заеми, што им помогна да ја преживеат пандемијата. Кина, меѓу другото, е голем извозник на заштитни маски и медицинска опрема, како и на електронски уреди, чија побарувачка се зголеми откако луѓето низ цел свет беа принудени да живеат во изолација.

    Кинеската економија оствари раст од 3,2% во вториот и 4,9% во третиот квартал од годината. Се очекува Кина да биде единствената голема светска економија која ќе оствари раст оваа година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира