ВЕТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА НА ЕВРОПА, ПРЕДУПРЕДИ ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР РОТ

    ВЕТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА НА ЕВРОПА, ПРЕДУПРЕДИ ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР РОТРот кажа и дека билатералните барања на една земја членка на ЕУ го запреа проширувањето на ЕУ. (Фото: Европска унија/принтскрин)

    Германскиот министер за Европа Михаел Рот вели дека Германија како претседавач со ЕУ прави сè што може да се дојде до компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. Сè друго, вели тој во изјавата пренесена од „Дојче Веле на македонски“, ќе биде тешка политичка грешка и ќе за загрози безбедноста на Европа.

    „Како претседавач со ЕУ правиме сѐ што можеме за во најбрз рок да се дојде до компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, а по исполнувањето на некои дополнителни услови, и со Албанија. Сѐ друго ќе биде тешка политичка грешка со цена по стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан и тоа тешко ќе ја загрози и безбедноста на Европа. За тоа треба сите да бидат свесни“, изјави Рот во обраќањето пред денешната видеоконференција на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

    Рот кажа и дека билатералните барања на една земја членка на ЕУ го запреа проширувањето на ЕУ, затоа што останатите 26 земји членки не се прикучиле на овие барања. Германскиот министер за Европа најави дека и покрај тоа, тој денеска на дневен ред пак ќе ја стави темата за проширување на ЕУ.

    „Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал, досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат”, рече Рот.

    Бугарија го блокира усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, бидејќи останатите 26 земји членки на ЕУ не се согласуваат бугарските барања за негирање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет да бидат вметнати во рамката. Ова е последен состанок на министрите под претседателство на Германија. Од 1 јануари, со ЕУ ќе претседава Португалија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира