Институтот за бои Пантон ја избра бојата што најдобро ќе ја одразува годината што претстои. Спротивно на традицијата, Пантон откри дека тоа ќе биде не една, туку две бои: неутралната ултимативна сива и живописната осветлувачка жолта.
„Тоа е комбинација која зборува за отпорноста, оптимизмот, надежта и позитивноста што на сите ни требаат додека се ресетираме, обновуваме и повторно измислуваме“, појасни извршната директорка на Пантон, Литрис Елсман.
Ова е првпат за боја на годината да е избрана безбојна нијанса (сива) и само вторпат да има две бои на годината, што се случи и во 2016 година.
Изборот на Пантон традиционално се одразува на трендовите во модата, убавината, дизајнот и екстериерното уредување.