ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЕЛЕНА ГОШЕВА ГО ГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО УСТАВНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЕЛЕНА ГОШЕВА ГО ГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО УСТАВНИОТ СУД

    Три недели претседателката на Уставниот суд Елена Гошева се мачи да обезбеди пет гласа за да ја избере повторно за генерален секретар на Судот Оливера Филиповска, чиј 4-годишен мандат официјално истече на први овој месец, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Судот. Стандардното мнозинство од пет гласа на петтемина уставни судии, со кои неколку години се надгласуваат судиите Гзиме Старова, Наташа Габер, Исмаил Дарлишта и Сали Мурати, е расклатено со случајот на реизбор на Филиповска, која во Уставниот суд важи за десна рака на Гошева.

    Генералниот секретар на Судот Оливера Филиповска, чиј 4-годишен мандат официјално истече на први овој месец, важи за десна рака на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева (Фото: СДК.МК)

    Генералниот секретар на Судот Оливера Филиповска, чиј 4-годишен мандат официјално истече на први овој месец, важи за десна рака на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева (Фото: СДК.МК)

    Но многу поголема паника е, велат во Уставниот суд, што на први ноември годинава на претседателката Елена Гошева ѝ истекува мандатот, таа нема право на реизбор, а за избор на нов претседател на Уставниот суд, од редот на мнозинството, фалат еден до два гласа.

    За избор на нов претседател на Уставниот суд, потребни се шест гласа од вкупно деветте уставни судии, а мнозинството, од кое дел е и Елена Гошева, сега со случајот со одбивањето на еден од судиите да гласа за реизбор на генералниот секретар, се намали на четворица.

    “Ако судијата или судијката успее да одбие послушност и истрае да не гласа за  Филиповска, извесно е дека ќе одбие послушност да гласа и за кандидатот за претседател на Судот од редот на петтемина судии од досегашното мнозинство. Овој судија три недели е под континуиран притисок и затоа Уставниот суд три недели функционира без генерален секретар, со што најгрубо е скршен Деловникот “, објаснуваат во Уставниот суд.

    Функцијата генерален секретар е чувствително место во највисокиот суд во Македонија. Секретарот го потпишува дневниот ред на седниците, како и распоредот на предметите кај судиите. Раководител е на стручната служба во Уставниот суд, одлучува за вработувања, дисциплинска одговорност, престанок на работа. Оттаму, доведен е во прашање легитимитетот на седницата на Уставниот суд закажана за 28. септември, бидејќи дневниот ред е потпишан токму од Оливера Филиповска, која не е генерален секретар од први септември, објаснуваат во Судот.

    Деловникот на Судот не дозволува в.д. генерален секретар, мора уставните судии да изберат нов. Ситуацијата е дека Уставниот суд фактички нема секретар, а Филиповска и понатаму си потпишува и си ги врши должностите, иако одамна нема мандат за тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира