АДВОКАТ НА ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ БИЛ СИНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ДОМОТ

    АДВОКАТ НА ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ БИЛ СИНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ДОМОТПретседателот и членовите на Управниот одбор, исто така, немале поднесено анкетни листови за имотната состојба, утврди Антикорупциската комисија. (Фото: СДК.МК)

    Антикорупциската комисија денеска одлучи да поднесе до Владата иницијатива за одговорност поради конфликт на интереси на членовите и претседателот на Управниот одбор на државен студентски дом, кои во 2018 година донеле одлука да ангажираат адвокатска канцеларија во сопственост на синот на претседателот на УО. Претседателот и членовите, исто така, немале поднесено анкетни листови за имотната состојба, утврди Антикорупциската комисија.

    Неофицијално, станува збор за државен студентски дом надвор од Скопје. Договорот со синот адвокат е раскинат во 2019 година, но претседателот на УО сè уште е на функција.

    „Целиот управен одбор треба да се повика на одговорност. Не може останатите членови на УО да не знаат дека се работи за синот на претседателот. Тоа е научна фантастика“, кажа Софка Пејовска Дојчиновска, член на Антикорупциската комисија на денешната седница.

    Нејзиниот предлог беше прифатен од останатите членови.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира