УШТЕ 25 ПОЧИНАТИ И 613 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.837 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 25 ПОЧИНАТИ И 613 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.837 ТЕСТОВИБројот на активни случаи во моментов изнесува 22.103. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 613 нови случаи на ковид-19 од направени 1.837 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи на ковид-19 се во: Скопје-204, Куманово-35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 25 починати лица, од кои осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив, 23-ца се починати во болнички услови.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 31757, активни 11369
    • Куманово 4268, активни 658
    • Дебар 562, активни 165
    • Штип 3065, активни 466
    • Прилеп 3669, активни 944
    • Тетово 4394, активни 984
    • Струга 1781, активни 458
    • Велес 2446, активни 689
    • Битола 2654, активни 889
    • Охрид 2044, активни 620
    • Кавадарци 1697, активни 637
    • Гостивар 3078, активни 834
    • Гевгелија 945, активни 298 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 158 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2005, активни 576
    • Крива Паланка 526, активни 128
    • Радовиш 520, активни 133
    • Крушево 151, активни 73
    • Кочани 1427, активни 260
    • Пробиштип 405, активни 68
    • Демир Хисар 218, активни 48
    • Македонски Брод 198, активни 36
    • Пехчево 120, активни 23
    • Берово 453, активни 105
    • Валандово 254, активни 59
    • Виница 418, активни 124
    • Делчево 602, активни 291 (170 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 172, активни 27
    • Свети Николе 980, активни 210
    • Кичево 1448, активни 374
    • Ресен 563, активни 186
    • Неготино 818, активни 371 (123 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.837 теста се преку: ИЈЗ-759, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена-229, Биотек-158, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-96, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -71, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на Ковид -19.

    Претходно, Министерството за здравство соопшти дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.304 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира