Апликациите на Гугл, вклучувајќи ги и Јутјуб и Џимеил, паднаа денеска во голем број европски држави и во остатокот на светот, во ретко голем дефект што ги има погодено серверите на компанијата.
Голем број корисници не можат да пристапат на некои од најпопуларните услуги на Гугл, како Гугл драјв, Мепс, Докс и Андроид Плеј стор. Првите проблеми биле забележани пред 13 часот, при што корисниците при отворањето на страниците добиваат одговор дека има привремена грешка.
„Свесни сме за проблемите со кои се соочуваат голем број наши корисници“, соопшти Гугл.