САД ЌЕ ЈА ОДОБРАТ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „МОДЕРНА“, КОЈА Е ПОЕДНОСТАВНА ЗА ЧУВАЊЕ ОД ОНАА НА „ФАЈЗЕР“

    САД ЌЕ ЈА ОДОБРАТ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „МОДЕРНА“, КОЈА Е ПОЕДНОСТАВНА ЗА ЧУВАЊЕ ОД ОНАА НА „ФАЈЗЕР“„Модерна“ е подготвена веднаш да испорача шест милиони дози од вакцината (Фото: АП)

    Шефот на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) изјави дека вакцината против ковид-19 на „Модерна“ ќе биде одобрена за употреба, откако советничкиот панел дал зелено светло за тоа. Ова ќе ѝ овозможи на компанијата веднаш да почне со дистрибуција на милиони дози, само неколку дена откако во САД почна имунизацијата на населението со вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

    Советничкиот панел едногласно изгласа дека придобивките од вакцината на „Модерна“ ги надминуваат ризиците кај лицата постари од 18 години. Истиот комитет минатата недела ја одобри вакцината на „Фајзер“.

    „Ја известивме ‘Модерна‘ дека ќе работиме забрзано во насока на одобрувањето на вакцината“, кажа шефот на ФДА, Стивен Хан.

    Американските регулатори неделава оценија дека вакцината на „Модерна“ е безбедна и дава заштита од 94%. Компанијата кажа дека е подготвена веднаш да испорача шест милиони дози. Канада, Европска Унија, Јапонија и Јужна Кореја нарачаа милиони дози од оваа вакцина.

    Вакцината на „Модерна“ може да се чува и транспортира на -20 Целзиусови степени, додека за онаа на „Фајзер“ се потребни -75 степени, што логистиката ја прави потешка. И вакцината на „Модерна“ бара две дози, при што втората се прима по 28 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира