ФЕДЕРАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ВО САД СО МЕСЕЦИ БИЛЕ ЦЕЛ НА СЛОЖЕНА ХАКЕРСКА КАМПАЊА, СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ЗАД НЕА СТОИ РУСИЈА

    ФЕДЕРАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ВО САД СО МЕСЕЦИ БИЛЕ ЦЕЛ НА СЛОЖЕНА ХАКЕРСКА КАМПАЊА, СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ЗАД НЕА СТОИ РУСИЈАМинистерството за финансии на САД е меѓу нападнатите институции (Фото: АФП)

    Американските власти предупредија дека голема и софистицирана хакерска кампања откриена оваа недела претставува огромна закана за владата, критичната инфраструктура и приватниот сектор. Кампањата погодила високи федерални институции, вклучувајќи министерства, како и агенцијата одговорна за националните залихи на нуклеарно оружје.

    Агенцијата за сајбербезбедност и безбедност на инфраструктурата (ЦИСА) кажа дека спречувањето на нападот ќе биде многу сложена и предизвикувачка операција. Многумина се сомневаат дека зад нападот стои руската влада, но оттаму го демантираат тоа.

    „Владини агенции, организации од приватниот сектор и тела од критичната инфраструктура биле цел на постојана напредна закана, што почнала најрано во март 2020. Тие што стојат зад хакирањето демонстрирале трпение, оперативна безбедност и комплексна умешност во тие пробиви“, соопшти ЦИСА.

    Таа не прецизираше кој стои зад нападот и колкави се вистинските размери на хакирањето. Агенцијата „Ројтерс“ објави дека и „Мајкрософт“ бил хакиран, додавајќи дека постојат сомнежи дека станува збор за руска кампања.

    Неколку владини агенции пријавија дека биле нападнати во оваа кампања, која се опишува како значајна и постојана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира