РЕГУЛАТОРНА ПРЕДЛАГА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ОПФАТОТ НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ КОИ ЌЕ ДОБИВААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СТРУЈА

    РЕГУЛАТОРНА ПРЕДЛАГА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ОПФАТОТ НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ КОИ ЌЕ ДОБИВААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СТРУЈАЦелта е да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата.(Фото: К. Попов)

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги достави предлог до Министерството за економија да се прошири опфатот на ренливи категории кои ќе добиваат помош за плаќање на сметките за струја. Станува збор за иницијатива на Регулаторна која предлогот го подготви во соработка со Електродистрибуција, по препорака на енергетската заедница, со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не се во целосна финансиска кондиција да ги подмират сметките за електрична енергија.

    „Предлогот опфаќа принципи врз основа на кои може да се дефинираат критериуми по кои ќе се утврдат потрошувачите, односно домаќинствата кои ќе влезат во категоријата на ранливи потрошувачи. Со ова, практично и формално ја започнуваме иницијативата со која сакаме да го зголемиме опфатот на домаќинствата кои не можат во целост да ги подмират фактурите за електрична енергија или поголем дел од нивните приходи одат за плаќање на фактурите. Целта е  преку субвенционирање на одредена сума од страна на државата да се надмине овој проблем“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Со предлогот дополнително би се опфатиле домаќинства кои добиваат постојана социјална парична помош согласно закон, домаќинства во кои нема ниту еден вработен, кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи, домаќинства кои имаат невработено лице корисник на паричен надоместок за невработеност од Агенцијата за вработување кој се движи во висина на постојана социјална парична помош  и  истиот е единствен приход на домаќинството. За домаќинства со повеќе од два члена во кои има еден пензионер што добива минимална пензија и истата е единствен приход на домаќинството, домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата, чиј износ се движи во висина на постојана социјална парична помош и нема други приходи во  домаќинството, домаќинства кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош  и  во домаќинството има дополнителен приход во висина од минимална плата, заклучно со периодот на траење на пандемијата.

    Проширувањето на постојните групи на ранливи потрошувачи е иницијатива која е заснована врз начелата кои Секретаријатот на Енергетската Заедница со седиште во Виена за социјална енергетска заштита на ранливите потрошувачи. Неодамна, директорот на Секретаријатот, Јанез Копач, укажа дека неопходно е да се обезбеди заштита на ранливите  потрошувачите. Во телефонскиот разговор кој Копач го имаше со Бислимоски пред неколку месеци посочи дека националното законодавство опфаќа и правила кои се однесуваат на енергетска сиромаштија во која се дава можност на државата да субвенционира дел од фактурите за потрошена електрична енергија за најранливите категории.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира