Шведската влада го промени ставот и им препорача на граѓаните да носат маска во јавен превоз за време на најголемите гужви. Исто така, бројот на луѓе кои смеат да седат на една маса во ресторан е намалена од осум на четири, а продажбата на алкохол е забранета после 20 часот.
Ова се мерките против ширењето на коронавирусот што ги објави премиерот Стефан Левен, кои следуваат неколку дена откако кралот Карл Густаф Четиринаесетти го искритикува досегашниот лабав пристап на земјата кон пандемијата.
Шведска избра поразличен пристап кон коронавирусот од остатокот на светот и во ниеден момент не воведе карантин и строги рестриктивни мерки, иако забележа над 360.000 случаи на зараза и речиси 8.000 починати, од кои 90% во старечките домови. Место да воведе мерки, шведската влада само ги повика граѓаните да се однесуваат одговорно и излезе со препораки, чие непочитување не се казнуваше. Носење маска досега не беше меѓу препораките.
Поради ширењето на коронавирусот, Шведска за првпат побара сите деца над 13 години да се префрлат на онлајн настава.