НИТУ ДЕНАР ОД БУЏЕТОТ НА ГРАДОТ НЕ Е ДАДЕН ЗА МОЕТО АДВОКАТСКО ДРУШТВО, БОЛНО ЛАЖАТ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ

    НИТУ ДЕНАР ОД БУЏЕТОТ НА ГРАДОТ НЕ Е ДАДЕН ЗА МОЕТО АДВОКАТСКО ДРУШТВО, БОЛНО ЛАЖАТ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВМРО-ДПМНЕШилегов вели дека тој зема пари од неговото адвокатско друштво и тоа уредно е пријавено во анкетен лист уште во 2015 кога станал претеник.(Фото:СДК.МК)

    Град Скопје и јас како градоначалник немаме склучено никаков договор и ниту еден денар од градската каса не е влезен во моето адвокатско друштво, одговори градоначалникот Петре Шилегов на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

    Утрово портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција кажа дека градоначалникот Шилегов склучил договор во име на Градот со неговото адвокатско друштво за консултантски услуги и за тоа наплаќал по 50.000 денари месечно. Шилегов реагираше на ваквите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ги болни лаги.

    „Јас земам пари од моето адвокатско друштво и тоа уредно е пријавено во мојот анкетен лист уште во 2015 година кога станав пратеник и откако станав градоначалник истото е наведено во него и анкетниот лист е предаден во Актикорупциската комисија. Од буџетот на Град Скопје не е дадено ниту денар. Очигледна е безидејноста, стравот и немоќта на ДПМНЕ да одговори на новите градски политики кои јас ги креирам во изминативе три години. Кога е таа структура во прашање тргнуваат кон креирање на лаги, на манипулации каква што беше оваа денеска“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира