Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи барањата кои специјалната обвинителка Катица Јанева во четвртокот ги испорача од Парламентот, а со кои се бара продолжување на работата на Специјалното обвинителство со продолжување на рокот за истраги, измена на законот за сведоците и приватноста, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија, објави агенцијата Мета пренесувајќи изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
„Обезбедивме се што беше потребно. Буџет, средства, вработувања, простории, логистика и се она што и беше потребно. Се сменија потребните закони, заедно усогласени со опозицијата и не сметаме дека има потреба од негово проширување, надградување или правење на некој нов договор“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги поддржат барањата на Јанева.
На прашањето дали ќе се појави на суд како сведок во случајот „Пуч“, Груевски рече дека ќе се појави, доколку добие покана од судот.