Од Кондово до Карпош попладнево нема струја. Како што објаснуваат од ЕВН, станува збор за голем дефект на 110-киловатна трафостаница Запад, од која се напојуваат скопските населби Кондово, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе и Карпош.
Од компанијата велат дека нивни екипи работат на дефектот, а во меѓувреме, корисниците вечерва ќе добијат струја од друга напојна точка.
„Без разлика кога ќе се санира дефектот, граѓаните нема да останат без струја. Работиме на премостување на друга напојна точка”, велат од ЕВН.
А. АНТЕВСКА