ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ 41.000 ПЕТАРДИ И ПИРОТЕХНИКА ЗА 10 ДЕНА

    ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ 41.000 ПЕТАРДИ И ПИРОТЕХНИКА ЗА 10 ДЕНАГлоба за растурање петарди и пиротехника е од 200 до 500 евра или казна затвор од 3-5 години. (Фото: СДК.МК)

    Во акција на тетовската полиција приведено е лице од Мала Речица кај кое се пронајдечи речиси 30.000 парчиња петарди и други разновидни пиротехнички средства. Петардите и другата пиротехника ги чувал во неговиот маркет на улица Илинденска во Тетово.

    „Полициски службеници од полициската станица Тетово во објект на улица Илинденска сопственост на Ц. М. (41) од Мала Речица, пронајдени му се и одземени 27.594 парчиња разновидни пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок“, соопшти Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

    Во текот на изминативе десетина дена, тетовската полиција во неколку одделни акции запленила речиси 41.000 парчиња разни пиротехнички средства. Како поголема заплена се сметаа и таа од пред неколку денови, кога е приведен 27-годишен жител на тетовското село Селце кај кого биле пронајдени 9.163 парчиња на различни пиротехнички средства и 87 ракети, сместени во багажникот и во задното седиште од возило.

    Согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за сторителите на овие дела е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност, додека дистрибуирањето на пазарот на поголеми количини пиротехника е кривично дело за кое е предвидено казна затвор од 3-5 години.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира