Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја прими првата доза од вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“, додавајќи дека го направил тоа за да им покаже на Американците дека е безбедно да се вакцинираат. Седумдесет и осумгодишниот Бајден се вакцинираше во живо пред ТВ-камери, слично на актуелниот потпретседател Мајк Пенс претходно.
„Го правам ова за да покажам дека луѓето би требало да бидат спремни кога ќе им дојде ред да се вакцинираат. Нема за што да се грижите“, изјави Бајден и ја пофали администрацијата на Трамп за почетокот на програмата за вакцинирање.
САД пред една недела ја почнаа имунизацијата на населението со вакцината на „Фајзер“, а викендов беше одобрена и онаа на „Модерна“. Властите велат дека досега се вакцинирале 500.000 Американци.
Бајден кажа дека неговата цел е да се вакцинираат 100 милиони луѓе во првите 100 дена од неговиот мандат.