Земјите членки на Европската Унија денес почнаа со вакцинација против ковид-19, а прироритет од 450-те милиони жители имаат најранливата група граѓани. Ова е историски момент кој влева надеж во борбата против најголемата здравствена криза на векот.
Здравствените работници, возрасните лица и политичарите ги примија првите вакцини во 27-те земји, со цел ја ја осигураат јавноста дека вакцините се безбедни и најдобра можност да се спречи пандемијата. Во земјите на ЕУ досега се пријавени 14 милиони заразени, 335 илјади смртни случаи како последици од ковид-19, а периодов голем дел од земјите имаат полициски час.
„Воопшто не болеше. Отворете ги очите и вакцинирајте се“, вели Михаела Ангел, медицинска сестра во Букуреш која ја прими првата вакцина во Романија.
Германскиот министер за здравство Јенс Спан реле дека ова е порака за Среќен Божиќ, и дека „е клучот за да си ги вратиме животите во нормала“.
Италијанскиот вирусолог Доменико Аркури изјави дека е значајно што првите вакцини во Италија стигнаа во болницата Спаланѕани, каде кинеска двојка од Вухан во јануари имаше позитивен тест на ковид-19 и беа првите потврдени случаи во Италија. Набрзо, северна Ломабрдија стана епицентар на епидемијата во Европа. Италија денес има највисока смртна стапка од речиси 72 илјади.
„Денеска е убав, симболичен ден. Сите жители на Европа сплотени да ги добијат нивните вакцини, првиот зрак светлина после долга ноќ“, изјави Аркури.
ЕУ доби пратки со дози вакцини од „Фајзер“ и „БиоНтек“ против ковид-19.