Наместо од утре, 28 декември, како што беше првично најавено во петокот, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за влез во Турција ќе се бара од 30 декември (среда), соопшти Скопскиот аеродром за промената на одлуката на Турската влада. Примената на новата мерка ќе важи до 1 март 2021.
Мерката важи за сите меѓународни патници кои сакаат да влезат во Турција по воздушен пат. Исклучок се децата до 6 години.
Мерката се однесува и за патниците кои транзитираат низ Турција, според променетата одлука на турската Влада.