11 ПОЧИНАТИ ЗА 24 ЧАСА, 83 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 700 ТЕСТОВИ

    11 ПОЧИНАТИ ЗА 24 ЧАСА, 83 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 700 ТЕСТОВИВкупно дијагностицирани со коронавирус од почетокот на епидемијата се 81.804. (Фото: К. Попов)

    Единаесет лица починаа од ковид-19 во болнички услови во последните 24 часа, а регистрирани се 83 новозаболени од 700 тестови, соопшти Министерството за здравсто. Починаа дваца пациенти од Скопје (85 и 75), еден пациент од Велес (62), двајца од Битола (64 и 74), еден од Кавадарци (71),од Гостивар (85), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64), пациент од Струмица (58), еден од Крива Паланка (61) и еден пациент од Радовиш (70).

    Од 83 нови случаи, во Скопје се регистрирани 44, во Куманово-3, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-3, Велес-4, Битола-5, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-2, Крива Паланка-1, Делчево-1, Кратово-1, Ресен-1, Неготино-3.

    Според последните информации од Министерството, во болниците низ земјава лежат 984 пациенти позитивни на ковид-19, а има околу 320 празни места.

    Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од: Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 81.804, оздравеа 59.650, починаа 2.456, а активни случаи се 19.698. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 35.281, активни 11.265
    • Куманово 4.667, активни 549
    • Дебар 616, активни 129
    • Штип 3.267, активни 288
    • Прилеп 4.143, активни 609
    • Тетово 4.709, активни 878
    • Струга 1996, активни 350
    • Велес 2.712, активни 497
    • Битола 2.986, активни 595
    • Охрид 2.363, активни 594
    • Кавадарци 2.052, активни 563
    • Гостивар 3.341, активни 579
    • Гевгелија 1.128, активни 293 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2.274, активни 631
    • Крива Паланка 602, активни 112
    • Радовиш 603, активни 117
    • Крушево 161, активни 71
    • Кочани 1.577, активни 236
    • Пробиштип 441, активни 45
    • Демир Хисар 234, активни 40
    • Македонски Брод 210, активни 25
    • Пехчево 145, активни 23
    • Берово 488, активни 45
    • Валандово 302, активни 59
    • Виница 442, активни 63
    • Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 193, активни 22
    • Свети Николе 1.033, активни 108
    • Кичево 1.551, активни 245
    • Ресен 635, активни 141
    • Неготино 988, активни 326 (154 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 700 теста се преку: ИЈЗ-115, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -62, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со ПЦР метода -298, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-4, ГАК-27, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -51, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 394.329 тестирања на ковид -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира