ВРЕМЕ Е ЗА СЈО, ПОРАЧАА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ПРЕД СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВРЕМЕ Е ЗА СЈО, ПОРАЧАА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ПРЕД СОБРАНИЕТО

    Со запалени факели пред Собранието, шарените револуционери го завршија протестот за поддршка на Специјалното јавно обвинителство.

    „Ова е нашиот начин да дадеме поддршка на единствената институција која што не е корумпирана во државава и сега под напад на неколкумина корумпирани политичари. Затоа тука е Шарената револуција. Ова е критичната маса што и недостасува на Македонија. Ќе застанеме пред секој што ќе ја попречува правдата“, рекоа од говорница Шарените револуционери и скандираа „Нема правда, нема мир!“.

    Антивладините демонстранти пред Собранието ги повикаа пратениците да го дадат својот глас за сите закони што ги бара специјалната обвинителка. Од говорница побраа сите институции да ги достават сите докази потребни за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за да нема двојни аршини и селективна правда.

    Протестот почна со боење. Шарените револуционери, по три месеци пауза, го извадија најсилното оружје-валјаците, четките и бојата. На улицата пред Собранието, со црвена боја напишаа „Вашето време истече, време е за СЈО“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира