Антикорупциската комисија на денешната седница донесе заклучок да покрене иницијатива пред Јавното обвинителство за поведување постапка за една политичка партија за незаконско финансирање за време на финансирање за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Антикорупциска во октомври доставила барање до Државниот завод за ревизија и до Управата за финансиско разузнавање за надлежно постапување, бидејќи, како што велат од Антикорупциска, имало сомневања дека дел од политичките партии се финансираат спротивно на изборниот законик, односно од недозволени извори на финансирање.
По добиениот одговор од Управата, со кој се потврдиле нивните наводи за незаконско финансирање на една политичка партија, одлучија да покренат иницијатива пред Јавно обвинителство за поведување постапка, а заклучокот беше едногласно усвоен. Од Антикорупциска не откриваат за која политичка партија станува збор.
На денешната седница, Антикорупциска одлучи да побара од Владата известување за отворениот предмет за дивоградбите во Охрид и Струга.