ТРАМП ВЕДНАШ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈА И ДА СТАВИ КРАЈ НА ОПСАДАТА НА КОНГРЕСОТ, ПОБАРА БАЈДЕН

    ТРАМП ВЕДНАШ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈА И ДА СТАВИ КРАЈ НА ОПСАДАТА НА КОНГРЕСОТ, ПОБАРА БАЈДЕНБајден победи на изборите со 306 електорски гласови, наспроти Трамп, кој освои 232. (Фото: Ројтерс)

    Ова не е протест, ова е побуна, кажа избраниот претседател Џо Бајден за упадот во Конгресот од страна на приврзаници на сè уште актуелниот претседател Доналд Трамп, во телевизиско обраќање. Бајден побара од Трамп веднаш да излезе на национална телевизија и да стави крај на опсадата на Конгресот во Вашингтон.

    „Светот нè гледа. Шокиран сум што оваа нација која беше светилник на демократијата дојде до ваков момент. Потврдата на електорските гласови треба да биде света работа, но денешниот ден е потсетник дека демократијата е кршлива“, кажа Бајден.

    Сенатот и Претставничкиот дом денеска требаше да имаат заедничка седница за да ги потврдат резултатите од претседателските избори на 3 ноември. Бајден победи со 306 електорски гласови, наспроти Трамп, кој освои 232.

    На денешниот митинг пред Белата куќа, кој му претходеше на упадот во Конгресот, Трамп кажа дека победата му била украдена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира