БУГАРИЈА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ХЕРКУЛ БЕЗ МУСКУЛИ И ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА РЕГИОНОТ, ВЕЛИ БИВШИОТ ГРЧКИ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НИКОС КОЅИЈАС

    БУГАРИЈА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ХЕРКУЛ БЕЗ МУСКУЛИ И ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА РЕГИОНОТ, ВЕЛИ БИВШИОТ ГРЧКИ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НИКОС КОЅИЈАСКоѕијас вели дека и порано го предупредувал Брисел дека Каракачанов води политика надвор од рамките на ЕУ (Фото: СДК.МК)

    Место да придонесува за мирот во регионот, Бугарија се однесува дестабилизирачки, вели бившиот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас, осврнувајќи се на нејзиното блокирање на Македонија на патот кон Европската Унија.

    Тој вели дека Бугарија не сфатила дека во Северна Македонија се родила нова нација која има свој сопствен јазик.

    „Место да ги почитува и да придонесува за мирот и пријателството во регионот, Бугарија се преправа дека е Херкул без мускули“, изјави Коѕијас во интервјуто за сајтот „Еурактив“.

    Тој ги обвинува десничарската партија ВМРО-БНД и нејзиниот лидер и министер за одбрана Красимир Каракачанов дека го диктираат тонот на владината политика во Софија.

    „Атина и порано го предупредуваше Европскиот совет дека Каракачанов води политика надвор од рамките на ЕУ. Додека Бугарија претседаваше со Унијата, тој во градината на Националната палата на културата постави статуа на лав кој држи штит на кој се наоѓа мапата на Сан Стефано, алудирајќи на ‘голема Бугарија‘“, вели Коѕијас.

    Како еден од архитектите на Преспанскиот договор, тој вели дека Грција и Македонија успеале да го решат својот долгогодишен спор со ограничено присуство на посредници.

    „Постигнавме договор зашто преку директни контакти изградивме меѓусебна доверба. Тоа треба да биде лекција за идните преговори помеѓу Грција и Турција“, смета Коѕијас.

    Тој вели дека Грција може да биде мост меѓу Истокот и Западот, место да подлегнува на западниот притисок да го намали својот посебен однос со Кина.

    „Западот го потценува подемот на Кина. Се наоѓаме во периодот кога ако Западот не се обнови демократски, светот ќе се придвижи кон кинеска хегемонија на долги патеки“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира