НОТАРОТ НАСЕР ЗИБЕРИ, ОД КАМПАЊАТА НА ДУИ „ПСЕ ЈО“ ЗА ПРЕМИЕР, УТВРДЕН КАКО КАНДИДАТ ЗА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

    НОТАРОТ НАСЕР ЗИБЕРИ, ОД КАМПАЊАТА НА ДУИ „ПСЕ ЈО“ ЗА ПРЕМИЕР, УТВРДЕН КАКО КАНДИДАТ ЗА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛЗибери доби доминантна поддршка од 7 гласа во собраниската комисија за именувања. - Зибери и Ахмети на предизборен митинг (Фото: ДУИ)

    На предлог на пратеничката од ДУИ Арта Билали-Зендели, поранешниот пратеник, нотарот Насер Зибери, е утврден за кандидат за Народен правобранител на Република Северна Македонија.

    Зибери беше своевремено предложен за кандидат за премиер на Македонија под слоганот Псе јо? (Зошто да не?). Во кампањата за предвремените парламентарни извори летото минатата година, ДУИ ги освои симпатиите на своите гласачи со Зибери и идејата тој да биде првиот етнички Албанец-премиер.

    Зибери е утврден како кандидат со 7 гласа „за“.

    Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди и листата на пријавени кандидати за избор на претседател и членови на ДИК

    До Комисијата беа пристигнати пријави од 14 кандидати меѓу кои има и поранешни и актуелни членови, но и вработени во службите во Комисијата и правници. Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари. ВМРО-ДПМНЕ ја потврди кандидатурата на Александар Даштевски, кој како претседател на Комисијата за антидискриминација, му обезбеди на бегалецот Никола Груевски азил во Унгарија. Со потписот на Даштевски дека Груевски е жртва на политички прогон, унгарските власти имаа штоф да го заштитат Груевски и да му дадат азил во нивната држава, по мистериозното бегство од дома.

    На огласот за народен правобранител, што беше распишан на крајот на ноември, пристигнале четири кандидатури.

    За пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива, на Зибери му била ветена оваа функција уште пред изборите, кога се нафатил да биде премиерски кандидат на ДУИ. Но, Зибери ја доби поддршката, треба него само Парламентот да го изгласа со просто мнозинство од ДУИ и СДСМ.

    Зибери доаѓа на местото на Иџет Мемети, кој беше Омбудсман два мандата. Него Собранието минатиот месец го изгласа за член на Советот на јавни обвинители пред еден месец, и тоа ќе му биде прва допирна точка со обвинителската работа. Сега Мемети ќе бира и ќе разрешува обвинители.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира