НА БРИТАНЦИТЕ ИМ СЕ ОДЗЕМААТ СЕНДВИЧИ ПРИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА

    НА БРИТАНЦИТЕ ИМ СЕ ОДЗЕМААТ СЕНДВИЧИ ПРИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕВРОПСКА УНИЈАОд брегзит, Британците веќе не можат да внесувате одредена храна во ЕУ (Фото: Гети)

    Холандска телевизија сними гранични службеници како одземаат сендвичи со шунка и друга храна од возачите кои влегуваат во Холандија од Велика Британија, согласно новите правила што стапија на сила после брегзит.

    Според правилата на ЕУ, на патниците кои доаѓаат надвор од блокот им е забрането да внесуваат месни и млечни производи. Европската комисија вели дека забраната е неопходна зашто овие производи може да содржат патогени што предизвикуваат животински болести.

    „Од брегзит, веќе не можете да внесувате одредена храна во Европа, како месо, овошје, зеленчук, риба. Целиот сендвич мора да ви го конфискуваме“, му вели холандски граничен службеник на еден возач од Британија.

    Забраната стапи на сила на полноќ на 1 јануари, кога Британија го заврши транзицискиот период и формално се раздели од Европска Унија. Од тој момент, Британија престана да ги следи правилата на Унијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира