Патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународниот аеродром во Приштина отсега можат да направат и ПЦР тест за коронавирус на самото место. Пунктот за тестирање беше отворен на 12 јануари и се наоѓа во старата зграда на аеродромот.
Тестирањето чини 35 евра и резултатите се добиваат два часа од земањето на брисот.
„Адем Јашари“ е вториот аеродром во поранешна Југославија кој почна да нуди ваква услуга, по оној во Љубљана.