ПРИВЕДЕН ЗА СИЛУВАЊЕ СРПСКИОТ УЧИТЕЛ ПО ГЛУМА МИРОСЛАВ МИКА АЛЕКСИЌ, ГO ПРИЈАВИЛЕ УЧЕНИЧКИ

    ПРИВЕДЕН ЗА СИЛУВАЊЕ СРПСКИОТ УЧИТЕЛ ПО ГЛУМА МИРОСЛАВ МИКА АЛЕКСИЌ, ГO ПРИЈАВИЛЕ УЧЕНИЧКИАлексиќ е познат со децении како расадник за актерски таленти од неговото училиште за глума. (Фото: Принтскрин од видео)

    Српскиот режисер, сценарист и учител по глума, Мирослав Мика Алексиќ (68) е уапсен вечерва во Белград под обвинение за силување, објави белградски БЛИЦ.РС. Алексиќ е познат со децении како расадник за актерски таленти од неговото училиште за глума.

    Полицијата соопшти дека постои сомнеж оти тој во перодот од 2012-2020 во просториите на неговото школо за глума сексуално злоупотребил 5 свои ученички, од кои две биле малолетни.Бидејќи има сомнеж дека тој сексуално злоупотребил и други девојки, полицијата ги повика евентуалните други жртви да го пријават во станица.

    Познатата млада српска актерка Милена Радуловиќ го обвини Алексиќ за сексуално злоставување, додавајќи дека таа не е единствената, туку дека има уште пет девојки, од кои некои се малолетни, кои го пријавиле во полиција за истото дело.

    „Ова е монструозна мрежа интелигентно составена во највисокиот круг на општеството, уште од најраните години спакувана во најблагородните форми на уметност и религија на човек кој чекор по чекор знае што прави и со претчувство доаѓа до целта“, рече Милена Радуловиќ во интервјуто за БЛИЦ.РС каде откри дека Алексиќ првпат ја силувал кога имала 17 години, како ученичка во неговата позната школа за глума, и тоа се повторувало повеќе пати.

    Таа вели дека последната жртва го пријавила Алексиќ за силување во ноември, лани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира