ЖЕНА КОЈА УПАДНАЛА ВО КОНГРЕСОТ СЕ ОБИДЕЛА ДА ГО ПРОДАДЕ ЛАПТОПОТ НА НЕНСИ ПЕЛОСИ НА РУСКИ РАЗУЗНАВАЧИ

    ЖЕНА КОЈА УПАДНАЛА ВО КОНГРЕСОТ СЕ ОБИДЕЛА ДА ГО ПРОДАДЕ ЛАПТОПОТ НА НЕНСИ ПЕЛОСИ НА РУСКИ РАЗУЗНАВАЧИДемонстранти седат во канцеларијата на Пелоси за време на упадот во Конгресот на 6 јануари (Фото: АФП)

    Американските власти истражуваат дали за време на упадот во Конгресот на 6 јануари бил украден лаптоп или тврд диск од канцеларијата на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, по што имало обид да се продаде на руски разузнавачи.

    Од ФБИ кажаа дека е покрената истрага против Рајли Џун Вилијамс од Пенсилванија, која е обвинета за незаконски упад во Капитол и за насочување луѓе кон канцеларијата на Пелоси.

    Јавниот обвинител Мајкл Шервин кажа по нападот дека некои кражби би можеле да ја загрозат националната безбедност.

    ФБИ соопшти дека Вилијамс била пријавена од маж кој се претставил како нејзин романтичен партнер, додавајќи дека таа се обидела да го продаде електронскиот уред на пријател во Русија.

    „Тој потоа планирал да го продаде на руската разузнавачка служба СВР. Трансферот во Русија пропаднал од непознати причини и Вилијамс сѐ уште го поседува уредот или го уништила“, се вели во пријавата против Вилијамс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира