ТРАМП ЌЕ ИМА УТРИНСКО ИСПРАЌАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ВО ВОЕНА БАЗА ВО МЕРИЛЕНД, А ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН ЌЕ БИДЕ ВО ФЛОРИДА

    ТРАМП ЌЕ ИМА УТРИНСКО ИСПРАЌАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ВО ВОЕНА БАЗА ВО МЕРИЛЕНД, А ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН ЌЕ БИДЕ ВО ФЛОРИДАВо последните часови од својот мандат, Трамп уште еднаш ќе го искористи претседателскиот авион за да замине во Флорида (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп ќе биде повеќе од 1.500 километри далеку од церемонијата на која Џо Бајден ќе биде инаугуриран во нов претседател на САД, откако претходно потврди дека самиот нема да присуствува, со што ќе прекине традиција од 150 години.

    Во последните часови од својот мандат, Трамп уште еднаш ќе го искористи претседателскиот авион „Ер форс уан“, со кој тој и сопругата Меланија ќе заминат во неговиот приватен ресорт Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, каде што, според некои американски медиуми, планира и да живее.

    Трамп ќе има испраќање од претседателската функција утре во воена воздушна база во Мериленд, но биле откажани плановите тоа да биде проследено со воена парада. Засега нема многу детали за оваа церемонија, освен дека ќе се одржи во осум часот по локално време.

    По заминувањето во Флорида, „Ер форс уан“ ќе му се стави на располагање на Бајден. Тој утре ќе биде инаугуриран на необична церемонија во Вашингтон, што ќе ја обезбедуваат 25.000 припадници на Националната гарда, а место илјадници Американци кои традиционално се собираат, ќе бидат поставени 200.000 знамиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира