ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ СЕ ЖАЛИ ЗА УСЛОВНАТА КАЗНА ЗА СОВЕТНИКОТ НА ЧУЛЕВ КОЈ ТЕПАШЕ И НАВРЕДУВАШЕ КОМАНДИР НА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ СЕ ЖАЛИ ЗА УСЛОВНАТА КАЗНА ЗА СОВЕТНИКОТ НА ЧУЛЕВ КОЈ ТЕПАШЕ И НАВРЕДУВАШЕ КОМАНДИР НА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕОд инцидентот во Тетово излезе видеоснимка во јавноста, по што Ѓорѓиевски веднаш беше суспендиран, а потоа и избркан од работа во МВР. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е незадоволно и ќе поднесе жалба на пресудата со која на обвинетиот Зоран Ѓорѓиевски му е изречена условна казна за нападот на командир на полициска станица на денот на изборите – 15 јули 2020.

    Во средата, Основниот кривичен суд му изрече условна казна затвор од две години на Ѓорѓиевски, која нема да ја одлежи ако во наредните пет години не стори ново кривично дело, затоа што признал вина.

    Како што соопштија од Обвинителството, Ѓорѓиевски, кој тогаш беше советник на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на денот на парламентарните избори, го навредувал и вршел грубо насилство врз оштетениот З.Т., командир на полициската станица Тетово и притоа му нанел телесни повреди.

    Од Обвинителството потсетуваат дека во Кривичниот законик ​за кривичното дело Насилство од член 386, став 3, за кое беше обвинет Ѓорѓиевски, е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира