СЕ ЗАПАЛИ ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР ВО ВЕЛЕС, НЕКОЈ ФРЛИЛ ЖАР ИЛИ ПЕПЕЛ

    СЕ ЗАПАЛИ ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР ВО ВЕЛЕС, НЕКОЈ ФРЛИЛ ЖАР ИЛИ ПЕПЕЛЗасега нема информација колкава е штетата на вреќата од полиестер со волумен од три метри кубни. (Фото: СДК.МК)

    Наспроти упатствата за користење на новите подземни контејнери, за собирање на смет, некој велешанец, во еден од нив фрлил жар па истиот се запали. Станува збор за подземниот контејнер кај поранешна НА-МА, во центарот на градот.

    Поради ова морала да интервенира и екипа на велешката пожарна и едно возило на ЈКП Дервен. Од таму потврдија дека поради оган во подземен контејнер имале интервенција. При поставувањето на седумте подземни контејнери, новина во собирањето на сметот во градот, и од Општина Велес и од ЈКП Дрвен, соопштија што може, а што не може да се фрла во нив.

    „Во подземните контејнери не треба да завршува картонската и ПЕТ амбалажа, градежен шут, жар и пепел од домашни ложишта“, пишуваше во информацијата за нивно користење.

    Меме со американскиот сенатор Берни Сандерс како седи пред велешките контејнери за смет и ги чува. (Фото: Фејсбук)

    Засега нема информација колкава е штетата на вреќата од полиестер со волумен од три метри кубни, дали може да се користи или ќе се постави нова, но евидентно е дека некое лице ја згрешило постапката за фрлање отпад.

    За потсетување во првите денови, пред десетина дена, откако беа во функција новите седум подземни контејнери, наместо во нив, некои сограѓани сметот го оставаа до нив, што наиде на потсмев во јавноста. Ваквата ситуација ги предизвика младите велешани да постават „меме“ како американскиот сенатор Берни Сандерс седи пред велешките контејнери за смет и ги чува, поради неправилното користење од страна на граѓаните.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира