СТАПКАТА НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ПОМАЛА ЗА 73 ОТСТО ВО СПОРЕДБА СО ЛАНИ

    СТАПКАТА НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ПОМАЛА ЗА 73 ОТСТО ВО СПОРЕДБА СО ЛАНИНајголемиот број заболени се пријавени во возрасната група од 15 до 64 години. (Фото: СДК.МК)

    Бројката на заболени од сезонски грип во сезоната 2020/2021, 433, е за 73,2 отсто помала во споредба со истиот период лани и за 86,3% помалку во однос на типичната сезонска крива, вели Министерството за здравство.

    Најголемиот број заболени, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

    Во втората недела од 2021, пријавени се 36 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година.

    Во земјава, заклучно со втората недела од јануари, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини. Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата  вакцинирани се вкупно 28.724 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини.

    Од вкупниот број набавени вакцини, 5.783 се дадени на здравствени работници и вработени во здравствените установи. Дополнително се распределени и аплицирани 1.284 дози во дијализните центри, 1.573 дози во домовите за стари лица и 506 дози на останати категории на лица.

    „Мерките за заштита од ковид-19 придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување“, велат од Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира